Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разгледа можностите за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО

17.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разгледа можностите за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето гостување во „Утрински брифинг“ рече дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ и правната комисија ќе ги разгледа сите можности за проценување на постапката во Собранието за Законот за ЈО.

-Јас може да го спoдeлам моето искуство, додека јас бев пратеник ваква работа не се случи односно не се случило да закон не биде изгласан и потоа претседател на Собрание да каже ќе го повториме гласањето, ова не важи затоа што не ни одговара. Прв пат јас гледам ситуација во која што законот не е изгласан и се повторува гласањето за 5 минути . Секако Уставниот Суд е една институција која што мора да се изјасни по однос на оваа работа затоа што немаше јасно изразена волја и не беа постигнати бројките. Доколку постојат и други инструменти денес нашиот правен тим секако дека ќе ги каже, истакна Николоски.

Тој во своето гостување на прашањето во врска со Законот за ЈО односно дека функционери од Брисел велат дека е добро што овој закон е донесен во пресрет на можноста да се добие датум за преговори ги потенцираше следново:

-Било кој функционер надвор од Македонија секако дека ги гледа резултатите, а резултатот е дека законот е изгласан, а каква е содржината за законот е нешто што ќе се цени доколку и ако се отворат преговори. Тие во моментот гледаат дека законот е донесен, честитаат како и за било кој друг договор претходно. Она што ме загрижува во однос на овој дел, мислам дека како што ќе доаѓаат изборите ќе има поларизација на нашите поддржувачи од една страна социјалистите, од друга страна десничарите од Европската народна партија. Тие пораки биле злоупотребувани во минатото, не гледам дека нема да бидат злоупотребувани и во кампањата, посочува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата