Само два дена откако Манчестер ја доби казната од УЕФА за забрана за настап во Лигата на шампионите во следните две сезони, почнаа шпекулациите околу заминувањата на ѕвездите во тимот.

Играчот од средниот ред Бернардо Силва, за А Бол изјави дека би сакал да се врати во Бенфика, од каде замина многу млад. Иако, тој не прецизираше кога тоа би можело да биде, англиските медиуми веќе најавуваат дека ќе го напушти Сити поради казната.

„Неколкупати имам кажано дека жалам што прерано си заминав од Бенфика и мислам дека ќе се вратам. Ако сакаат да се вратат, ќе го сторам тоа”, изјави Силва.

Португалецот е еден од најважните фудбалери на „граѓаните“, кој досега сезонава постигна седум гола, како и седум асистенции.

Покрај него се зборува дека пред заминување се и Серхио Агуеро или Рахем Стерлинг, како и тренерот Пеп Гвардиола, кој го гледаат како нов стратег на Јувентус.