Пред стартот на Ол-Стар мечот, фановите, заедно со кошаркарите му одадоа почит на Коби Брајант. 21,000 фанови ја прекинаа тишината извикувајќи го името на легендарниот кошаркар. МВП признанието од овој Ол-стар викенд го носи името на Коби Брајант, истото му припадна на Каваи Ленард.