МИЗРАХИ: Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука

16.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МИЗРАХИ: Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука

Рашела Мизрахи, која вчера рано наутро беше разрешена од министерка за труд и социјална политика, и беше постојано мета на антисемитски напади од лица блиски до СДСМ, денеска објави фотографија со ќеркичката со порака дека остануваат во Македонија.

„Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години.
Срцето ни е тука!“, напиша Рашела Мизрахи.

Таа во својот говор во Собрание,рече: „Јас сум горда Еврејка од Република Македонија“.

Мизрахи беше разрешена затоа што држеше прес-конференции пред таблата Република Македонија,

Таа, како ретко кој политичар досега, ги доби симпатиите од народот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата