Пик Сегед и фановите на овој клуб вечерва го слават името на Жоан Кањелас, има зошто. Шпанскиот репрезентативец одигра неверојатен натпревар, нешто што ретко можеме да го видиме од него, но се чини против некогашниот стратег од Вардар беше посебно инспириран.

Кањелас зад своето име запиша 10 гола од 12 обиди, два од нив ги постигна во самиот финиш, кога неговиот тим направија серија од 3-0 и за триумф од 32-29.

Последниот гол на Шпанецот е вистинско ремек дело, погледнете во продолжение…