Батеријата ќе ни трае многу подолго: Google подготвува нова функција

16.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Батеријата ќе ни трае многу подолго: Google подготвува нова функција

Google конечно одлучи дека ќе работи на нова функција која ќе го продолжи траењето на батеријата на мобилните телефони.

Веројатно е дека од компанијата веќе бараат нов начин како да го продолжат траењето на батеријата.

Екраните на повеќето нови уреди имаат фрекфенција на освежување од 90 Hz, некои дури од 120 Hz. Ова е дополнителен притисок за траењето на батеријата и е најчест проблем на смартфоните.

Google не го измисли овој концепт. Samsung го популаризираше Ultra Low Power Mode уште во 2014 на смартфонот Galaxy S5, па најверојатно новите функции на Google ќе наликуваат на концептот на Samsung.

Тука пред сè се мисли на монохроматскиот екран, исклучување на интернет конекцијата и дозволен пристап само на основните функции.

Извор: B92.net

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата