ТИЕ ГИ ОТВОРИЈА НАЈТЕШКИТЕ ВРАТИ: Влегоа во срцата на СДСМ

16.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТИЕ ГИ ОТВОРИЈА НАЈТЕШКИТЕ ВРАТИ: Влегоа во срцата на СДСМ

Откако гласаа се што Зоран Заев побара од нив, довчерашните политички противници за СДСМ станаа херои. Прво пратеникот Крсто Мукоски си доби аплауз од пратениците на СДСМ, а денес и пратеничката Нола Исмајлоска Старова доби огромна поддршка и аплауз за нејзиниот настап на собраниската говорница во кој се обиде за изманипулира со името на армијата, напаѓајќи ги довчерашните сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ. 

Имено, пратеничката Нола Исмајлоска се обиде да изманипулира дека со Законот за одбрана не се менува името на Армијата, туку дека тој веќе е променет со Законот за служба во Армијата и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе гласале за него. 

Сепак, реалноста е дека не станува збор за закон со кој се менува името на Армијата на Република Македонија, туку се работи за закон кој го  уредува системот на функционирање на одбраната и на Армијата и претставува посебен закон (lex specialis) во кој не се уредува називот на армијата

Додека пак Законот за одбрана кој е систематски и основен закон може да го промени името. Односно, името на Армијата се уредува во овој закон, во членот 1 став 2  каде што се вели дека „Одбраната на Републиката ја остваруваат граѓаните, органите на државната власт и вооружените сили како Армија на Република Македонија“ и оттаму нашата армија го црпи називот, а не од ниту еден друг закон.

Сепак се за аплауз, па така Нола Исмајлоска ги доби своите 5 минути слава кај пратениците на СДСМ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата