Интересен меч во Тетово во кој Силекс води против Ренова со 1:0. Имаа добри шанси и двете екипи, кратовчани утнаа пенал, но сепак поранешниот македонски шампион успеа да поведе. Тоа беше прекрасен погодок на Бурхам Мустафов. Екс-играчот на Пелистер, Победа, Струга дебитираше за Силекс со тоа што го совлада гостинскиот голман. Битолчанецот со силен шут од далечина ја затресе мрежата на гостите.