ТРАДИЦИОНАЛНО: Панчо и Андреј се РАДОСТ за осуденичките во Идризово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

16.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАДИЦИОНАЛНО: Панчо и Андреј се РАДОСТ за осуденичките во Идризово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Членовите на популарната македонска група ДНК пред неколку дена настапија во затворот во Идризово пред жените осуденички. Андреј и Панчо порачаа дека им е задоволство да видат насмеани лица и зад затворските решетки, и им посакаа на осуденичките да се видат на концерт кога тие ќе излезат на слобода.

„Убаво е чувството да се видат насмеани лица дури и зад затворските решетки. Сме имале многу настапи, но ова е некако поинаку. Не ви ги знаеме вашите казни, но стоиме пред вас и сме индивидуи исто какви што сте вие. Мораме да учиме од грешките и тие нека ни бидат и лекции за да бидеме подобри луѓе. Ако се договориме можеме да доаѓаме почесто, а може и да ви доаѓаме еднаш во месецот ако ви се допадна нашиот настап. Ние овде не сме да осудуваме, ни давате многу позитивна енергија и немој да мислите дека надвор е се сјајно. Овде сме овде час-два, вие сте на подолг рок. Немојте никогаш да губите надеж и верба, задржете ги убавите работи и бидете силни. Бидете семејство и така времето ќе ви минува многу побрзо. И дај боже еден ден наместо овде, да ни дојдете на концерт и надвор од затворот,“, порачаа членовите на ДНК.

Тие на импровизираната сцена пред осуденичките од женското одделение испеаја дел од своите најголеми хитови а истовремено им подарија и примероци од своето CD издание „The best of“.

Престојот во КПД Идризово го искористија и за краток разговор со осуденичките и за размена на мислења.

Настанот се одржа во организација на секторот за ресоцијализација на казнено-поправниот дом, и има за цел да ги поттикне осудените лица на просоцијално поведение по напуштањето на установата и за нивна полесна адаптација во социјалниот свет.

За таа цел во подготовката на настанот се приклучија и осуденичките кои моментално издржуваат затворска казна, а дел од нив за време на настанот и јавно презентираа своја затворска поезија.

Од затворска иправа им се заблагодарија на Панчо и Андреј за нивната смисла за општествена одговорност и на тоа што веднаш одговориле на поканата да настапат бесплатно и порачуваат дека може многу да се коментира за затворите но едно е јасно – во КПД Идризово одамна немало вака насмеани лица, и развојот на културно-забавниот живот во установите од овој тип е повеќе од потребен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата