Пристигна чудесниот РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР: Овие ТРИ ЗНАЦИ ги чека МОЌ И САМОДОВЕРБА

16.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пристигна чудесниот РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР: Овие ТРИ ЗНАЦИ ги чека МОЌ И САМОДОВЕРБА

Секој што верува во хороскопите се наежува кога ќе слушне дека доаѓа ретроградниот Меркур.

Оваа година тој прв пат се движи ретроградно во сонливите, духовни и емотивни Риби, од 16-ти февруари до 9 март. Пред да заклучите дека овој период ќе биде тежок, треба да проверите дали припаѓате на еден од следниве три знаци што ќе имаат корист од овој астролошки настан, пишува „Elite Daily“.

Рак
Дали времето го трошевте на работи што не беа важни? Дали вашиот лош став беше пречка за среќа? Дали играте безбедно и не ризикувате? Време е да се ослободите од сите работи што ве спречуваат да го живеете животот во потполност. Можеби е време да започнете да верувате дека животот има многу повеќе да ви понуди од она што го добивате во моментов. Опкружени сте со добри можности што само треба да ги грабнете. Не го трошете времето и започнете да живеете во целосното значење на зборот.

Скорпија
Време е да ја вратите вашата креативна искра. Ако неодамна се чувствувавте неинспирирано со тоа што го работите, сега е вистинското време да ја разбудите вашата фантазија и романтичната страна. Што ви го исполнува срцето? Во што уживавте како дете? Што секогаш ве возбудува?Сетете се на овие работи и вратете се на нив и ќе видите како ќе се разбуди долгогодишната заспана креативност во вас.

Риби
Бидејќи ретроградниот Меркур е во вашиот знак следните три недели, тоа ќе биде многу важен период за вас. Меркур ќе ви помогне да откриете кои сте навистина и да се запознаете и да се разберете подобро. Ова е вистинското време да ја вратите вашата самодоверба, да ја откриете вашата сила и сè што ве прави единствени. Запомнете дека никој го нема тоа што вие го имате.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата