Некојси Гарванлиев, избран од Заев да пее на Еврвизија, ќе ја пее You

16.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Некојси Гарванлиев, избран од Заев да пее на Еврвизија, ќе ја пее You

Стрмичаеноц Васил Гарванлиев кој по избор на Зоран Заев од анонимус ќе се прослави со тоа што ќе биде нашиот евровизиски претставник ќе не претстави со песната ,,You”, авторско дело на Невенка Нешкоска, која што ја напиша музиката, а текстот е изработен заедно со нејзината сестра Калина и Алис Шредер. Откако биле преслушани сите песни кои што пристигнале по јавниот повик, Македонската Радио Телевизија заедно со Васил се одлучиле за нумерата на Нешкоска.

Инаку, авторката е позната во јавноста и по музичкиот цртан филм Дарко Биберко. По потекло е од Охрид, а долги години живее и твори во Чикаго, САД. ,,You” ќе биде промовирана пред јавноста откако ќе се заврши со продукциското оформување, а ќе следи и видео запис за истата.

Во разговор за ,,Фокус” Гарванлиев не открива многу детали околу тоа која е пораката која ја носи нумерата, дали станува збор за балада или пак песна со брз ритам. Вели дека е многу среќен што конечно е избрана песната помеѓу многубројните композиции кои пристигнале во Националниот сервис МРТ.

-Целата енергија и целото време сега ми е насочено кон видео записот и креирањето на магичниот тим кој ќе застане позади мене на Евровизија во Холандија. Деталите за песната ќе бидат објавени за кратко, сега можам да кажа дека тоа е песна за ,,You” (Ти, вие, тебе) односно за секој од нас – раскажува струмичанецот.

Околу тоа дали ова е негова прва соработка со Невенка, со оглед на тоа што тој долги години живееше во Америка, вели дека ова е нивно првенче, но сепак се познавале долг период.

-Многу време се знаеме со Невенка. Кога се објави конкурсот таа беше една од првите која што ми се јави да ме праша за деталите, за моите гласовни можности. Сега фокусот ни е насочен кон финализирањето на песната и спотот, наскоро сите детали ќе бидат презентирани пред јавноста – порача музичарот.

Во интервју за ,,Фокус” пред еден месец, тој изјави дека сто проценти верува во себе и како со вистинската песна нема да има промашување.

-Би сакал песна каде исток и запад ќе се сретнат на средина. Ова е голем предизвик за сите. Да ги тргнеме ножевите на страна и без разлика на резултатот дајте да почнеме да се цениме и да научиме да си кажуваме БРАВО! Евровизија не е само натпревар туку и едно одлично музичко шоу. Одиме напред и нагоре!- порача Васил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата