КАУБОЈСКИ: ТАЛАТ ГО ПОНИШТИ ГЛАСАЊЕТО за да обезбеди 80 гласа за Законот за ЈО

16.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАУБОЈСКИ: ТАЛАТ ГО ПОНИШТИ ГЛАСАЊЕТО за да обезбеди 80 гласа за Законот за ЈО

Седумдесет и четири пратеници гласаа „за“, а 32 пратеници гласаа против Законот за Јавно обвинителство. Собранискиот спикер Талат Џафери го поништи гласањето бидејќи нема двотретинско мнозинство. 

На ова реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кој напоменуваат дека Џафери нема правен основ да го поништи гласањето.

На повтореното гласање, законот за Јавно обвинителство доби 80 пратеници, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза, тврдејќи дека законот не е донесен.

И да се прегласува, Талат ќе го поништува гласањето се додека на мониторот не пишува 80 пратеници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата