Стаса и меѓу нашите: Двајца МАКЕДОНЦИ ЗАБОЛЕА ОД КОРОНА ВИРУС

15.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стаса и меѓу нашите: Двајца МАКЕДОНЦИ ЗАБОЛЕА ОД КОРОНА ВИРУС

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани што се позитивни на новиот коронавирус. Станува збор за еден член на екипажот на јапонскиот крузер, кој е хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика, и уште една наша државјанка, којашто е во изолација во болница во Франција, информираат од Министерството.

За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземени сите потребни мерки.

Министерот Венко Филипче изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација што доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата