Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

15.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

Утрово околу 5 часот дошло до пукање во казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје пришто убиени се две лица.

Од МВР јавија дека во казиното влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото. Дваесетгодишник со иницијали Б.Н. од селото Крушопек, скопско, кој работел како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал.

Според пријавеното, потоа од касата вооружените лица го одзеле дневниот промет и заминале.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата