Со нетрпение сите љубители на НБА го чекаат вечерашното издание на шутирање тројки, а посебно забивањето на Ол-Стар викендов, кој се одржува во Чикаго. И секако веста која одекна како бомба, е изјавата на најголемиот, на Мајкл Џордан ,за тоа кое „закуцавање“ за него е најдоброто во историјата на Ол-Стар викендите. Сите претпоставуваа дека Мајкл ќе каже дека тоа е неговото кога од линијата за слободни фрлање скокна и го закова баскетот во обрачот, но следува изненадување…

„Она на Винс Картер, тоа беше неверојатно забивање, кога лактот го заби во обрачот. Тоа според мене е најдоброто забивање во историјата“ посочи Џордан.

Тоа се случи во 2000 година на Ол – Стар викендот кога Картер едноставно си поигра со конкуренцијата.