ЕДЕН ЗАСТРЕЛАН, ЕДЕН УДИРАН СО КУНДАК ВО ГЛАВА: Двајца мртви во грабеж на казино на патот Скопје-Блаце

15.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕДЕН ЗАСТРЕЛАН, ЕДЕН УДИРАН СО КУНДАК ВО ГЛАВА: Двајца мртви во грабеж на казино на патот Скопје-Блаце

Две лица се убиени рано изутрина во грабеж на казино на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце, дознава “360 степни”

Неофицијално, настанот се случил во казиното “Вегас” меѓу 4 и 5 часот наутро. Група маскирани и вооружени влегла во објектот, пукала, ги украла парите од прометот и побегнала. Притоа, смртно биле застрелани две лица.

Казиното “Вегас” и во минатото беше мета на грабежи.

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека во оружен грабеж во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, рано изутрината се убиени две лица.

„На 15.02.2020 во 04.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х. (22) од Косово, кој починал на местото. Додека, според пријавеното, Б.Н. (20) од с. Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал“, информираат од МВР.

Разбојниците од касата го озделе дневниот промет и избегале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, велат од МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата