Ерлинг Халанд ја продолжува неверојатната голгетерска серија по пристигнувањето во Борусија Дортмунд, откако синоќа повторно беше стрелец на еден од четирите гола за победа на неговиот тим од 4:0 против Ајнтрахт.

За Холанѓанецот ова е деветти гол на шест настапи во сите натпреварувања откако пред само месец дена го облече дресот на Борусија, додека во Бундеслигата, го постигна осмиот погодок во својот петти настап, соборувајќи го рекордот.

Борусија, пак, веќе има постигнато 63 гола на 22 кола, со што се изедначи рекордот на Бундеслигата. По 22 одиграни натпревари, тие го имаат истиот ефект каки и Баерн во сезоната 1973/74, односно ХСВ во 1981/82.