Веќе познато е дека Манчестер Сити во наредните две сезони не може да игра во ЛШ. Познато е дека „граѓаните“ ќе почнат со „правна битка“, но може да следува уште еден, поголем шок за Сити.

Како што пишува Индипендент, клубот од „Етихад“ би можел да се соочи со казна од раководството на Премиер лигата. Ако клубот ги кршел законите на УЕФА, тогаш јасно е дека ги кршел и домашните прописи, и тоа во врска со лиценцирањето, и затоа може да му се одземат и тоа многу бодови. Исто така постои начин и клубот да се исфрли во понизок ранг.

Секако дека ова е тешко остварливо ако се знае со колкава финансиска моќ Сити располага и дека буквално сите ќе загубат.