“До каде стигнаа командантите од ДУИ да ви р'жи Мухамед Зекири“

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“До каде стигнаа командантите од ДУИ да ви р'жи Мухамед Зекири“

Откако пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми рече дека гледал како позитивно изненадување кога ВМРО-ДПМНЕ ја предложиле Рашела Мизрахи за техничка министерка, но и дека „мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат, додека жена го брани името“, пратеникот Илија Димовски од опозициската партија се јави за контрареплика.

„До кај стигнаа командандите на ДУИ, да ве рекетира Боки 13 и да ви ’ржи Мухамед Зекири“, рече Димовски во контрарепликата.

Седницата за разрешување на техничката министерка продолжува и по полноќ, односно, како што најави собранискиот спикер, Талат Џафери, додека не се поминат точките на дневен ред на седниците за Законот за Јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители, како и седницата која е во тек, а на која меѓу другото, се разгледува и нејзиното разрешување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата