Напаѓачот на австралискиот клуб Аделаида Јунајтед, Мохамед Туре постигна гол на натпреварот од најсилната лига во Австралија и со тоа стана најмладиот стрелец во историјата на А-лигата.

Младиот фудбалер влезе како замена во 77-та минута, а по 7 минути ја смести топката во голот на Централ Коус и со тоа на својот тим му донесе предност и победа од 2:0.

Туре, кој во март ќе наполни само 16 години, постави рекордот на првенството во Австралија, како најмладиот стрелец на гол во историјата со само 15 години. Претходниот рекордер бил стрелец на 17-годишна возраст.

Интересно е што Туре минатата недела го имаше своето деби во А-лигата и стана трет на листата на најмладите играчи во историјата на турнирот.