Димитров се сретна со Хан, Дендиас и Бартоло во Минхен

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров се сретна со Хан, Дендиас и Бартоло во Минхен

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше билатерални средби со Јоханес Хан, еврокомесар за буџет и администрација, со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Дендиас, како и со министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло.

Во фокусот на разговорот со еврокомесарот Хан беше буџетот на ЕУ и преговорите околу повеќегодишната финансиска рамка, со акцент на зголемување на европските фондови за земјите од регионот на Западен Балкан.

На средбата со грчкиот министер Дендиас се разговараше за поддршката која Грција ја дава во постигнување на нашата цел, што поскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, како и за запазување на континуитетот во имплементирањето на обврските од Преспанскиот договор од двете страни.

Средбата со Еварист Бартоло е нивна прва официјална, по неодамнешното преземање на функцијата министер за надворешни работи на Малта. Се дискутираше за изгледите за добивање позитивна одлука од ЕУ за нашето досие и беше изразена поддршка од нивна страна за конечно остварување на таа стратешка цел.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата