Кинеска компанија произведува телефон кој ќе може да се носи како ракавица

19.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кинеска компанија произведува телефон кој ќе може да се носи како ракавица

Кинеската компанија TCL е уште една во серијата на производители кои учествуваат на пазарот на паметни телефони со флексибилни екрани, а сега таа нуди и еден новитет во однос на другите, пишуваат странските медиуми.

TCL покажа пет различни карактеристики за еден таков телефон, од кои едната привлекува посебно внимание. Додека првите четири се само “варијации на дадена тема“ (преклопувања во хоризонталната и вертикалната, одвнатре и однадвор), постои и едно решение што досега не е толку често.

Имено, ова решение предвидува корисникот да може да го носи телефонот со флексибилен екран како ракавица.

TCL претходно објави дека планира да го претстави својот прв уред со флексибилен екран во 2020 година, но останува нејасно какви се нивните вистински планови кога станува збор за неговиот развој.

Од компанијата додаваат дека иновативната технологија може да се применува и на други уреди, како што се паметните телевизори.

Тековните решенија за екрански флексибилност не дозволуваат превиткување како што е прикажано тука, бидејќи тие екрани се подебели од решението коешто го претстави TCL, пишува Engadget.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата