Нема судир на интереси во номинацијата Дескоска да биде член на ВЕНЕЦИЈАНСКА

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема судир на интереси во номинацијата Дескоска да биде член на ВЕНЕЦИЈАНСКА

Антикорупционерите утврдија дека нема судир на интереси министерката за правда Рената Дескоска да биде член на Венецијанската комисија. Под лупата на Комисијата и патните трошоците на пратениците. Од 2015-та до 2019-та година потрошиле близу три милиони евра.

Нема судир на интереси во предлогот на Владата, министерката за правда Рената Дескоска да биде член на Венецијанската комисија, утврдија Антикорупционерите. Според статутот на оваа Комисија, составена е од независни експерти, а во него е предвидено дека нејзините членови не ја претставуваат ниту земјата ниту институцијата од каде доаѓаат, посочи претседателката на Антикорупциска, Ивановска.

Под лупата на комисијата и патните и трошоците за стан на пратениците. Народните избраници од 2015-та до 2019-та година потрошиле близу три милиони евра само за патни трошоци, најмногу во 2015-та нешто над 770 илјади евра, а во 2019-та речиси двојно помалку. Тие им порачуваат да се надминат себе си и да ги рационализираат средствата бидејќи сѐ уште ги пресметуваат според законот од 2002-ра кога не ја обавуваа проферсионално оваа функција.

Пратениците го крчмеле и буџетот за станови, добивале по 400 евра за закуп и плус 100 за режиски трошоци без разлика каде се наоѓа и колкав е станот по квадратура. Антикорупционерите бараат Собранието да воспостави јасни критериуми за каков стан колкави надоместоци ќе им дава на пратениците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата