Ова е подобро од појадок во кревет, Ана и Мрка со години имаат љубовен ритуал, a еве како започнал...

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е подобро од појадок во кревет, Ана и Мрка со години имаат љубовен ритуал, a еве како започнал...

Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ Мрка на Денот на вљубените слават годишнина од забавувањето.

Пејачката и политичарот пред осум години на овој романтичен ден ја започнале својата љубовна приказна.

“Почнавме да се забавуваме на 14 февруари. Мрка и јас не носиме еден на друг појадок во кревет. Но знае да ме израдува со кафе и цвеќе“, открила Бекута.

“Во нашата врска нема монотонија, сакаме друштво, патуваме, Милутин ме следи понекогаш на настапи, но создадовме убава оаза во нашиот дом каде што најмногу сакаме да бидеме“ – открила пејачката.

Парот Денот на вљубените го прославиле со колаче, а пејачката го хранела со колаче својот делија, а потоа наздравиле.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата