Митрески: Да се донесат законот за ЈО и другите важни закони

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Митрески:  Да се донесат законот за ЈО и другите важни закони

Законот за јавно обвинителство е темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и одговорност за сите, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.

Според него, со законот, правниот систем добива трајно решение без потреба од специјални институции и ад хок експериментални решенија.

„Овој Закон но и другите закони важни за реформите мора да се најдат пред пратениците. Мора да се обезбедат услови пратениците да се изјаснат по ова прашање и тоа да биде донесено. Никој не смее да се дрзне одново да блокира и опструира. Со тоа се опструира правдата, а државата се враќа назад. Мора да се обезбедат услови за гласање, затоа што долго се работеше на ова законско решение зад кое застанаа и нашите пријатели од САД и ЕУ. Пред граѓаните ветивме правда и неселективна борба против криминалот, граѓаните тоа го очекуваат и ова е шанса тоа и да го оствариме“, рече Митрески.

Додаде дека денешната седница е можност да се види кој е навистина за правда, а кој е за одбрана на криминалот.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата