ДЕСКОСКА НЕ САКАШЕ ДА ГО ОБРАЗЛОЖИ Законот за Јавно обвинителство пред пратениците

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕСКОСКА НЕ САКАШЕ ДА ГО ОБРАЗЛОЖИ Законот за Јавно обвинителство пред пратениците

Министерката за правда Рената Дескоска одби да го образложи Законот за јавното обвинителство пред пратениците. Таа одговарајќи на повикот на координаторот на СДСМ пратениците од неговата партија да не дискутираат за овој закон за да се скрати времето за негово донесување иако беше пријавена за збор одби да излезе на говорницата и да дебатира со пратениците.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески рече дека е срамота министерот за правда да бега од дебата со пратениците особено ако се има предвид дека станува збор за закон за кој СДСМ со месеци ги убедува пратениците да гласаат

Во знак на протест, Мицевски побара 1 час пауза.

Талат Џафери ја прекина седницата и продолжението го закажа во 13 часот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата