Двајца македонски борачи, Могамедгаџи Нуров и Фати Вејсели, денеска излегуваат на душекот на Европското првенство во борење слободен стил кое се одржува во Рим, Италија.

Во категоријата до 97 килограми, Нуров кој освои норма за Олимписките игри во Токио ќе мора да тргне од квалификациите и тоа против големиот фаворит, Русинот Абдулрашид Садулаев, со кого се бореше и на Светското првенство кога го освои бронзениот медал.

Денеска својот прв настап ќе го има и Фати Вејсели. Тој тргнува од осминафиналето во категоријата до 70 килограми каде за противник ќе го има Магомедмурад Гаџиев од Полска.