Боки: ЈА ОТВОРАМ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА, - вулгарности, приватни разговори на Боки 13 со Кичеец, кавга на судењето за РЕКЕТ

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки: ЈА ОТВОРАМ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА, - вулгарности, приватни разговори на Боки 13 со Кичеец, кавга на судењето за РЕКЕТ

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. Една од снимките од УСБ кое во обвинителството го предал Зоран Милески-Кичеец, кој призна вина во „Рекет“, се слушна во судницата на денешното рочиште, пренесува „360 степени“.

По снимките од разговори помеѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во случајот „Рекет” отвори и разговори помеѓу осудениот Зоран Милевски, сопругата на Камчев, Ана Камчева и обвинетиот Јовановски. 

Во неа има разговор што го снимил Кичеец, а во кој се слушаат неговиот, гласот на Ана Камчева и на Бојан Јовановски-Боки 13. Јавноста во судница ја слушаше првата снимка, но разговорите беа тешко разбирливи во делот каде што седат новинарите. 

Во овој фолдер како доказ имаше три снимки кои траеја нешто повеќе од по половина час секоја. Во овие разговори обвинителката Вилма Русковска предупреди дека има приватни разговори за кои побара јавноста да биде исклучена. Ова се однесуваше на третата снимка од овој дел на докази. Ваквото нејзино барање на иде на отпор од страна на обвинетата Катица јанева и обвинетиот Јовановски. Јанева и се спротивстави на својата колешка, обвинувајќи ја дека го крши законот, дека не мисли што прави, дека не може да ги селектира доказите на тој начин и дека сите докази на обвинителството треба да бидат отворени. Јанева побара јавноста да не биде исклучена за, како што рече, да се види јасно кој манипулира, кој нуди потпкуп и кој нуди рекет. Ваквото нејзино барање го поддржа и обвинетиот Јовановски кој рече дека не бил запознаен дека е сниман, дека неговото достоинство и онака е нарушено и дека без проблем ја прифаќа одговорноста да се чујат сите непријатни и приватни разговори со Милевски само да се дознае вистината. 

Се слуша втората снимка, а од истото УСБ обвинителството бара да се слушне уште една снимка, но јавноста да биде исклучена поради приватни елементи. 

Бојан Јовановски и во продолжението на рочиштето повторно побара новинарите да не се исклучат од судницата. 

„И официјално, од овој момент ја отворам Пандорината кутија. Тоа значи дека и покрај моето нарушено достоинство, вршење на тортура, барам јавноста да не биде исклучена за да се види вистинитоста на мојот однос со Зоран Милески - Кичеец, манипулацијата со мене, ова секако е под секое човечко достоинство. Во досегашниот тек на постапката не видовме докази, видовме само сензационализам и понижување“, порача Боки. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата