СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(40) од с.Пирок, Тетовско, адвокат со адвокатска канцеларија во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Ќ.Б., на 11.06.2019 од општина Боговиње добил одобрение за градба за изградба на комерцијален објект на сопствено земјиште во с.Боговиње. Неколку негови соседи го ангажирале пријавениот со цел да поднесе жалба против него и против општината за да се поништи одобрението, бидејќи објектот бил во густо населено место.

По одреден период, од Министерството за транспорт и врски е донесено решение дека жалбата е отфрлена, за што оштетениот докажува дека има соодветна документација за градба на објектот. Против ова решение била поднесена жалба до Управен суд. По ова, оштетениот стапил во контакт со пријавениот и го убедувал да не поднесува жалба до Управен суд. Во текот на октомври 2019 пријавениот му испратил СМС порака на оштетениот со уценувачка содржина, односно му побарал парични средства за да го повлече предметот од судска постапка.

Најчитани вести