Коѕијас го тужи Каменос за клевета, закани и за лажни вести

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Коѕијас го тужи Каменос за клевета, закани и за лажни вести

Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, поведе тужба против некогашниот министер за одбрана, Панос Каменос, поради клевета, закани и ширење лажни вести, објави „Катимерини“.

Коѕијас во тужбата ги наведе заканите и притисоците на кои, како што тврди, бил изложен во врска со преспанскиот договор.

„Сметам дека е потребно судот да ме заштити“, изјави Коѕијас обвинувајќи го Каменос дека внимателно планирал како да му наштети уште од летото минатата година.

Коѕијас смета дека Каменос е одговорен за стотината заканувачки писма, текстуалните пораки и имејлови вклучувајќи и писмо во кое имало куршум.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата