Златна рамка и Креативна Европа одблиску со продуцентите

12.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Златна рамка и Креативна Европа одблиску со продуцентите

Покрај проектите и идеите за филмовите, едно од најбитните прашања е нивното финансирање.

Едно од најголемите поддршки доаѓа од програмата на Креативна Европа Медиа, кој имаат актуелен повик – „Развој на проект“.

Креативна Европа МЕДИА Деск МК во рамките на „Златна рамка 2020“ на 15-ти февруари (сабота) во 11.30 часот во МКЦ ќе организира Отворена презентација. За време на презентацијата предвидена е и средба со Маша Марковиќ – експерт за евалуација на проектите аплицирани на повикот за „Развој на проект“ на програмата Креативна Европа МЕДИА.

Целта на оваа презентација е македонските филмски професионалци да се запознаат со процесот на евалуација и начинот на оценување за овој повик за кој има најголем интерес во Македонија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата