Трипуновски: Над 60.000 тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трипуновски: Над 60.000 тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени

Власта го клекна земјоделието на колена. Над 60 илјади тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени. Почнува новата сезона, а земјоделците не знаат што да прават со родот од претходната година, изјави на прес-конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„До крајот на откупната сезона остануваат уште 2 месеци, невозможно е да се откупи целата количина од 60 илјади тони за 60 дена, што е премногу извесно е дека илјадници тони ќе останат да скапуваат во магацините. Годината која што помина ќе остане запаментена како најлоша година за јаболкарите во ресенско, пласман немаше, а револтирани јаболкарите сечеа овоштарници во најдобрите години и корнеа цели плантажи“, рече Трипуновски.

Додаде дека илјадници семејства чија единствена егзистенција било земјоделието се соочени со сиромаштија и не знаат како да се организираат за претстојната сезона.
Затоа Владата, како што рече Трипуновски, наместо празно политизирање мора веднаш да ја врати интервентната мерка од 3 денари и да им помогне на јаболкарите.

Опозицијата порача дека очекува итни мерки, оти земјоделците имаат потреба од реална помош.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата