ЕЛЕМ ќе продава нови вишоци електрична енергија

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕЛЕМ ќе продава нови вишоци електрична енергија

АД Електрани на Македонија објави дека ќе изврши продажба на вишоци електрична енергија за периодот 25 февруари – 03 март 2019, во вкупни количини од 9.600 MWh електрична енергија.

Како што велат од компанијата, количините се одредени согласно моменталната состојба на производните капацитети и нивото во акумулациите.

Моменталните цени на HUPX (унгарската берза на електрична енергија) за базна енергија за неделата 25 февруари-03 март изнесуваат BL Wk 09-19 = 50,38 EUR/MWh.

Аукцијата ќе се одржи задутре.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата