На барање на Општина Кисела Вода, Град Скопје започна со чистење на големата депонија лоцирана позади зградата „Флатирон“ (или позната како „Пегла“). Се работи за површина од околу 15 000 квадратни метри.

Од денес па во наредните денови, со механизација ќе се собира со години таложениот отпад на потегот од крстосницата “Жил Верн” со “Есенинова”. После чистењето, отпадот ќе биде депониран во Дрисла, а на теренот ќе биде извршено рамнење.

Ова е уште една од активностите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје во насока на обезбедување на почиста животна средина за сите жители од овој дел на градот. Во наредниот период се планирани повеќе вакви и слични интервенции. Сепак, уште еднаш апелираме и до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Дивите депонии ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето.

извор: Makfax

Најчитани вести