Викендов во Скопје деветмина повредени во 21 сообраќајна несреќа

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Викендов во Скопје деветмина повредени во 21 сообраќајна несреќа

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 21 сообраќајна несреќа од кои од три сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, четири сообраќајни незгоди со телесни повреди и 14 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 178 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 94 возачи од кои: 46 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 35 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 13 возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 43 возила бидејќи 40 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 11 поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување во зона на крстосница, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, 18 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 28 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 264 мандатни платни налози и 175 возила се подигнати со специјално возило ,,пајак”.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата