Деветнаесет години го криела телото на сестра ѝ во ладилник

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деветнаесет години го криела телото на сестра ѝ во ладилник

Хрватската полиција пронајде тело на жена во ладилник, во куќа во местото Меџимурје. Како што пренесуваат хрватските медиуми, најверојатно се работи за Јасмина Доминиќ, студентка која исчезнала во 2000 година. Нејзиното тело е најдено во подрумот од нејзината семејна куќа, каде живее нејзината сестра со сопругот и трите деца.

Не е јасно како Јасмина исчезнала, ниту кој ја убил. А полицијата досега повеќепати ја пребарувала куќата и не го забележала телото, кое било замотано во целофан.

До шокатното откритие дошло откако во саботата на улицата снемало струја, па почнало да се шири ужасна смрдеа, по што жителите повикале Брза помош и полиција. Истражителите во ходникот од куќата го пронашле женското тело во ладилникот.

Нејзината сестра е уапсена под сомнение дека го извршила ужасното убиство. Моментално е во притвор, каде може да биде задржана 24 часа, пред да биде испратена кај жупанискиот обвинител. Се чекаат резултатите од обдукцијата на телото, кое може да потрае поради состојбата во која се наоѓа телото.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата