Европа не ги сака назад своите граѓани-борци на ИД како што бара Трамп

18.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европа не ги сака назад своите граѓани-борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето наиде на доста мешана реакција, при што Германија изрази правна загриженост во врска со ваквиот потег, а Данска одлучно и потполно го отфрли барањето, пренесува РТ.

Барањето беше објавено на Твитерот на американскиот претседател во неделата: „Опциите за Европа се едноставни – да ги вратат назад исламистите од Исламска држава или САД и милитантите во Сирија што им се подредеи ќе бидат принудени да ги ослободат“.

Повикот беше слушнат, но некои земји категорично го отфрлија.

Зборуваме за најопасните луѓе на светот. Не треба да ги вратиме”, рече портпаролот на данската премиерка, Ларс Локе Расмусен, отфрлајќи го повикот на Трамп како избрзан и тврдејќи дека ситуацијата во Сирија е далеку од стабилна.

Германија беше посуптилна во отфрлањето на барањето на Трамп, објаснувајќи дека, теоретски, германските државјани кои се бореле во редовите на ИД имаат право да се вратат, но дека, сепак, одредени правни пречки го спречуваат нивното враќање во моментот.

Белгиската влада беше фатена на препад од објавениот ултиматум, па белгискиот министер за правда, Коен Генс, го обвини Трамп дека ги непријатно ги изненадил европските сојузници со своето барање.

Без директно да одговори на барањето на Трамп, францускиот државен секретар Лорен Нуњез, изјави дека Франција верува оти курдските милиции, поддржани од САД, нема да дозволат заробените џихадисти од Франција да се движат слободно.

Станува збор за Курдите и ние имаме потполна доверба во нивната способност да ги сочува џихадистите в затвор“, изјави Нуњез за францускиот радиодифузер БФМТВ во неделата.

Сепак, тој ја прифати можноста дека Франција на крај можеби ќе мора да се справи со враќањето на странските борци, но нагласи и дека за сите нив има тековни судски постапки и дека сите ќе завршат в затвор.

Во Велика Британија, каде што актуелната сага околу британската џихадистичка невеста Шамима Бегум ја разгори дебатата дали да ги вратат назад британските државјани кои се бореа со терориститњ во Сирија, се чини дека постојат две мислења.

Британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, се залага за одземање на британското државјанство на опасните поединци кои се враќаат во Британија, истакнувајќи дека оваа опција, една од неколкуте достапни, досега е применета повеќе од 100 пати. ” Втората опција, според Џавид, е да се гонат повратниците без оглед на нивната возраст и пол.

Секретарот за култура, Џереми Рајт, беше помек во својата реторика, па во неделата изјави дека обврска на владата е барем во некоја фаза да ги земе назад овие борци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата