Синот Михаило Шаулиќ, со сестра му – отечени од солзи, тргнаа да го преземат телото на Шабан (ВИДЕО)

17.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синот Михаило Шаулиќ, со сестра му – отечени од солзи, тргнаа да го преземат телото на Шабан (ВИДЕО)

Шабан Шаулиќ, кралот на народна музика почина по трагичната сообраќајна несреќа во Германија, кога се враќаше од настап.

Пред неговата куќа во белградското Дедиње, се собраа семејството, пријателите и колегите, меѓу кои и кумовите Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, а наскоро пристигна и менаџерот на Шаулиќ, Горан Јовановиќ.

Синот Михаило и девојката дошле да ги земат работите на таткото, а потоа се упатиле кон аеродромот, бидејќи во пет летаа до Михнен со Санела. Сопругата Гоца, Илда и други остануваат во Белград.

Времето и местото на погребот на Шабан Шаулиќ ќе бидат познати подоцна.

Според неофицијални информации, Шабан Шаулиќ треба да биде погребан во Алеја на заслужни граѓани на Новите гробишта. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата