Samsung Galaxy S10+ со 12GB RAM постигнува импресивни бенчмарк резултати

16.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung Galaxy S10+ со 12GB RAM постигнува импресивни бенчмарк резултати

Овие денови дознавме речиси се што е потребно за претстојната Galaxy S10 линија телефони. Најмоќен во оваа линија ќе биде моделот Galaxy S10+ со 12GB RAM и 1TB простор за складирање. Токму овој смартфон се најде на неколку бенчмарк тестови.

AnTuTu и Geekbench го покажаа уредот со број на модел SM-G975F, што ќе биде глобална верзија на S10+ телефонот, а постигнатите резултати биле исклучително високи за Android телефон.

s101.jpg

Перформансите за single-core се за околу 20% повисоки од оние кои Galaxy S9+ ги оствари пред еден месец. Повеќејадрените тестови го одржуваат резултатот над 9000 поени, што исто така претставува подобрување.

AnTuTu финалниот резултат од 326.185 поени ги вклучува CPU, GPU, UI и тестовите на меморија. На почетокот на месецот, AnTuTu ја објави својата Топ 10 листа на најбрзи Android телефони, на која Nubia Red Magic Mars е убедливо пред остатокот од конкуренцијата. Официјалните тестови, по претставувањето на 20 февруари во Сан Франциско, ќе покажат дали Galaxy S10+ може да го преземе првото место.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата