Антонија и дечко и „еуро крем“ комбинација

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Антонија и дечко и „еуро крем“ комбинација

Антониа Гиговска и дечко и Иван Јованов, фронтменот на Либеро бенд, на MAC се појавија во мошне интересна комбинација - таа во бело, а тој во црно од глава до пети. И двајцата беа стокмени во костуми, кои навистина ги издвоија во масата. 

Антониа во склад со возраста беше нашминкана сосема пристојно и сосема доволно, а највпечатливи детали на неа беа насмевката и прстените на прстите од рацете.

И Лозано и режисерот Даниел Јовески, со кои Антониа и Иван се дружеа зад сцената, се појавија во црно, боја која беше доминанта меѓу машкиот дел од гостите. И не залудно се вели - со црната нема грешка. 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата