НЕМА ПОВЕЌЕ „ЅВЕЗДЕ ГРАНДА“ - Лепа Брена започнува со нов бизнис

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕМА ПОВЕЌЕ „ЅВЕЗДЕ ГРАНДА“ - Лепа Брена започнува со нов бизнис

Фолк ѕвездата Лепа Брена неодамна се врати од одмор, па откри како добро се забавувала и  какви се нејзините понатамошни деловни планови

Речиси и да нема сала, стадион или концертно место што Лепа Брена не го наполни, а деловната нова година и започна со настап на музичкиот настан МАС. Дали некогаш се заморува?

Се уморувам секако,  а тогаш кога ќе се уморам од Брена, одам на одмор и не размислувам за работа. Сакам да се ресетирам и да заборавам на концертите, шминкање, костими, проби. Во оваа работа не е важно дали сте 25, 35 или 59 години важно е дали сте квалитетни. Квалитетот е нешто што денес дава резултати, вели пејачката.

Таа откри дека сер забавувала на Дубаи, па Тајланд, и на крај била и на Малдиви, а ова и било прво патување со најмладиот член на семејството.

„Знаете малите бебиња секогаш ги сакаме. Наутро кога ќе се разбудите, веднаш го бараш, па каде ќе го шеташ, што ќе јаде. Навистина бевме голема екипа и сите помагаа. Секако најмногу е врзан за Александра и Филип, но можам да го украдам“ додаде Брена и потоа раскажа за „Ѕвезде гранда“

Ѕвезде гранда“ продолжуваат да функционираат  нормално. Без оглед на тоа што компанијата се продава, тоа не влијае на програмата. Сите продолжуваат да работат како да сме тука. Имам многу сериозно мислење во однос на децата, а тоа е дека децата треба да се разделат навреме за да бидат сакани и почитувани. Така е и за некои работни места, така што созрева и можеби е добро време да се разделиме со некои добри емоции. Ќе направиме нешто друго, и секогаш ја имам Лепа Брена со која се занимавав целиот живот - рече фолк ѕвездата која не планира да седи со вкрстени раце, но има идеи за започнување нов бизнис.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата