(Видео) Арсовски: Покрај Кацарска, сериозни сомнежи за испитување на криминал има и за Русковска

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Арсовски: Покрај Кацарска, сериозни сомнежи за испитување на криминал има и за Русковска

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека фекалиите од Луј Витон правосудството со секое ново рочиште за „Рекет“ почнале да излегуваат на виделина. Вели дека биле разобличени сите маски на независно расцветано судство на Зоран Заев, кое всушност, според него, е судство зависно од власта на Заев и СДСМ.

„Кацарска судството и Русковска обвинителството нема кредибилитет и е пример за криминално-насилно обвинителство и судство што работи под палката на актуелната Влада на СДСМ и Заев. Покрај Кацарска судството, денеска сериозни сомнежи за испитување на криминал има и за омилената обвинителка на Зоран Заев, Вилма Русковска, каде што обвинет во случајот „Рекет“ јавно изјави дека поседува докази за криминал од 4 милиони евра.

Маските се паднати. Ова е сериозна индиција за криминал вреден 4 милиони евра во кој е вмешан главниот обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција и мора уште веднаш да се истражи. Не смее да се замижи пред ова јавно излагање на обвинетиот од случајот „Рекет“. Според тврдењата на обвинителката Лиле Стефанова доколку се точни, Добрила Кацарска директно влијаела врз судски одлуки за што треба да одговара по најмалку 3 члена од Кривичен Законик на Република Македонија и еден член од Законот за судови.

Член 353 став (1) – Злоупотреба на службената положба и овластување кое што фаќа рамка од 6 месеци до 3 години затвор
Член 358-а став (2) – Давање награда за противзаконито влијание кое што опфаќа рамка доколку се прекшри членот Законот од 1 година до 5 години затвор
Член 375 став (1) – Присилба спрема правосуден работник кое што опфаќа рамка за парична казна или до 3 години затвор

Дополнително,  Членот 75 од Законот за судови експлицитно наведува дека потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“.

Според сите овие членови од Кривичен Закони на Република Македонија на Добрила Кацарска и се заканува до 11 години казна затвор и веднаш да биде суспендирана од член 75 од законот за судови од страна на Иван Џолев, бидејќи му тече законскиот рок од 8 дена. Доколку не ја суспендира во рокот од 8 дена тој самиот е соучесник во она што го направила Добрила Кацарска.

Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува јасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираат партиски нарачки. Добрила Кацарска ургира кај Катица Јанева, Катица Јанева ја фали Добрила Кацарска дека и била ментор и учела од нејзе, а Вилма Русковска со индиции за вмешаност во криминал од 4 милиони евра.

Институциите не смеат да замижат пред сите овие случаеви. Одговорност мора да има. Сите овие луѓе под палката на Заев го урнисаа правосудниот систем и затоа е потребен закон кој нема да амнестира криминалци“ порача Арсовски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата