Австриецот Доминик Тим го совлада Рафаел Надал со 3:1 во сетови (7:6, 7:6, 4:6, 7:6) и стана последниот патник во полуфиналето на Австралија опен. Во извонреден меч кој трипати одеше во тај-брекк, австрискиот тенисер, инаку финалист за Ролан Гарос во последните две години, за првпат успеа да стигне во најдобрата четворка во Мелбурн.

Тим кој загуби од Надал на Ролан Гарос, во 14-тиот дуел со Шпанецот успеја да му се одмазди и да закаже полуфинален меч со Александар Зверев.