Apple пријави рекорден приход од продажбата на iPhone во текот на празниците

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Apple пријави рекорден приход од продажбата на iPhone во текот на празниците

Apple го објави својот финансиски извештај во рамките на кој компанијата истакна дека остварила зголемување на приходите од девет проценти во однос на истото тримесечје минатата година (91,8 милијарди долари), што претставува значајно повеќе од она што го прогнозираа аналитичарите (88,5 милијарди долари). Apple исто така забележа поголеми приходи во секторот на хардверот, кој стагнираше една година претходно.

Продажбата во секторот на iPhone линијата обезбеди повеќе од половина од приходите во текот на првото фискално тримесечје. Компанијата само од продажба на iPhone уреди заработи повеќе од 55,96 милијарди долари. Од друга страна, Apple Watch, HomePod и AirPods уредите придонесоа со 10 милијарди долари, што е зголемување во однос на минјатогодишните 7,3 милијарди.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук истакна дека iPhone 11 и 11 Pro овозможија огромен раст и ги нарече „најсилната iPhone линија која некогаш ја имала компанијата“.

Компанијата очекува дека во текот на следниот квартал ќе оствари приходи помеѓу 63 и 67 милијарди долари. Но, на ова значајно ќе влијае ситуацијата во регионот на Кина и епидемијата на корона вирусот, која би можела да го оштети производството и продажбата на Apple производи.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата