(Видео) Потпишана петиција за оставка на новинарката што известуваше за несреќата на Коби

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Потпишана петиција за оставка на новинарката што известуваше за несреќата на Коби

Повеќе од 140.000 луѓе потпишале петиција со која бараат репортерката на американската телевизија МСНБЦ, Алисон Морис, да биде отпуштена поради тоа што го рекла за време на известувањето за несреќата во која загина кошаркарот Коби Брајант.

Многумина тврдат дека додека ја пренесувала веста за неговата смрт, репортерката Алисон Морис рекла „LA niggas“ (црнчуги) наместо „LA Lakers“.

Снимката од нејзиниот лапсус брзо почна да се споделува на социјалните мрежи, а многу корисници беа лути.

Набргу потоа Морис се извинила на „Твитер“  тврдејќи дека едноставно ѝ се сплеткал јазикот и изговорила „Nakers“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата