Ова се нашите предлози за денеска. Многу натпревари, ние одбравме неколку па еве што мислиме за нив…

АНГЛИЈА 1

ВЕСТ ХЕМ

ЛИВЕРПУЛ

Дали постои некој кој верува дека Вест Хем би можел да го изненади Ливерпул? Да бидеме искрени се сомневаме во тоа! Дури и кога не блескаат „црвените“ победуваат, а тоа е одлика на вистинските шампиони. Поради тоа тука сме уверени во двојка и комбинирајте ја со 2-3.

ШКОТСКА 1

РЕНЏЕРС

РОС КАУНТИ

Ренџерс е во постојана потера по Селтик и е во најдобра форма во Премиер лигата, додека Рос Каунти од средината на декември игра лошо и се поизвесно е дека доигрувањето за титулата ќе му остане сон. Бирајте помеѓу СП 1 и ДП 11.

СТ.ЏОНСТОН

СЕЛТИК

Сметајќи ги сите домашни турнири Селтик ги доби претходните шест средби со Сент Џонстон и тоа со гол-разлика 23:0, па тоа што клубот од Перт донекаде се поправи нема да ги спречи „Келтите“ да му нанесат нов пораз. На двојката додадете 2-4.

ГЕРМАНИЈА 2

ШТУТГАРТ

ХАЈДЕНХАЈМ

Хајденхајм „додаде гас“ во текот на декември и во овој дуел влегува со само бод помалку во однос на Штутгарт, кој ја дели втората позиција со Хамбургер. Ниту еден исход не треба да се отфрли, а можеби е најпаметно да се определите за ГГ3+.

ОСНАБРИК

САНДХАУЗЕН

Незгоден пар, барем кога се работи за головите. Мечевите на Оснабрик воглавно се ефикасни, без разлика дали победува или губи, но Сандхаузен во гости врза осум натпревари со 0-2. Но, затоа во единицата воопшто не се сомневаме.

ПОРТУГАЛИЈА 1

МОРЕИРЕНСЕ

БРАГА

Со победата над Порто во петтата минута од продолжението фудбалерите на Брага го освоија Лига купот, со што ја крунисаа одличната форма која ги краси во последно време. Мореиренсе прима многу голови пред своите навивачи, па со двојката гаѓајте и 3+.

БЕЛГИЈА 1

ШАРЛРОА

КЛУБ БРИЖ

Шарлроа пред паузата му беше најблискиот конкурент на Клуб Бриж, што е доволна причина гостите но и вие да внимаваат тука, иако „сино-црните“ ги добија претходните два меѓусебни дуели. Ви предлагаме Х2, ГГ и нивна комбинација.

ФРАНЦИЈА – КУП (осминафинале)

ЕПИНАЛ (4)

ЛИЛ

Лил и во претходното коло играше со четвртолигаш и тешко го помина. Затоа ќе одигра сериозно против Епинал и донекаде да го преболи поразот од Лион во полуфиналето на Лига купот (оној од ПСЖ беше очекуван). Двојката комбинирајте ја со 3+.

МАРСЕЈ

СТРАЗБУР

Марсеј го сака Купот, кој го нема освоено од 1989. (од тогаш изгуби четири финалиња). Сега е во серија на одлични изданија на „Велодром“ кои започнаа во октомври токму против Стразбур (2:0), веруваме дека и сега ќе слави со 2-4.

ШПАНИЈА – Куп на кралот (осминафинале)

КУЛТУРАЛ ЛЕОНЕСА (3)

ВАЛЕНСИЈА

Третолигашот од Леонеса во претходното коло направи сензација: по продолженијата го елиминира Атлетико Мадрид и тоа откако губеше до 83 минута! Но, Валенсија „пука“ од самодоверба после победата над Барселона и тврда двојка е извесна.

СОСИЕДАД

ОСАСУНА

Осасуна нема пораз во 2020, но рака на срце, противниците не и беа од рангот на Сосиедад. И без нас ви е јасно дека ова е единица, а квотата бидејќи е мала можете да ја засилите со комбинација со 2-3 гола.

САРАГОСА (2)

РЕАЛ МАДРИД

Приоритетот на Сарагоса е враќање во Примера. Меѓутоа, гостувањето на славниот истоимен тим од Мадрид секогаш е шанса за докажување и иако веруваме дека момците на Зидан ќе одат понатаму, не би нѐ зачудило ако тоа се случи со ГГ и 1+I&1+II.