Canalys: Кинеските смартфон брендови се попопуларни во Европа

15.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Canalys: Кинеските смартфон брендови се попопуларни во Европа

Според истражувањето на аналитичката компанија Canalys, пазарот на смартфони во Европа во текот на 2018. година го карактеризирале два главни тренда – кинеските производители преземаа третина од пазарот, а премиум моделите доживеаја голем пад на популарноста.

Западна Европа е најголем подрегион, каде што се испорачани 128 милиони телефони, од вкупно 197 милиони паметни телефони. Европскиот пазар во целина доживеа пад од 4 проценти на годишно ниво, додека Западот генерално имале најмала испорака уште од 2013. година.

Вината за ваквата состојба на пазарот се припишува на зголемената цена на премиум моделите – Велика Британија, германија и скандинавските земји доживеаја најголем пад на продажбата на премиум смартфони. Земјите со пониска просечно продажна цена, кои се фокусирале на средниот сегмент (Шпанија и Италија), имале зголемена продажба.

Во минатата година, на европскиот пазар беа претставени многу кинески смартфони, компаниите Huawei и Oppo своите телефони ги претставија во Париз, а следуваа Xiaomi и OnePlus, кои полека се шират и се повеќе се популарни. Canalys тврди дека 32 проценти или отприлика една третина од продадените уреди во Европа се производ на кинеските компании, а Huawei зазема “лавовски” удел со повеќе од 20 отсто од вкупниот пазар во последните месеци на годината.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата