Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, може да ја продолжи кариерата во Италија и по завршувањето на договорот со Наполи ова лето. Еден од добро информираните италијански новинари, Николо Скира, објави дека преставници на Интер се во интензивни преговори со неговиот агент и се надеваат дека ќе го договорат Белгиецот за трансфер во Милано како слободен играч ова лето.

Интер наводно на агентите на мертенс им понудил двегодишен договор со годишна плата од 4,5 милиони евра. Претходно беше објавено дека Мертенс одби да го обнови договорот со Наполи, бидејќи клубот не беше подготвен да му ги обезбеди условите кои тој ги побарал.

Тековниот договор на Мертенс со наполи истекува на 30 јуни оваа година.