Македонските фанови ОДДАВААТ ПОЧИТ НА КОБИ БРАЈАНТ - Неговиот дрес осамна на македонска зграда (ФОТО)

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонските фанови ОДДАВААТ ПОЧИТ НА КОБИ БРАЈАНТ - Неговиот дрес осамна на македонска зграда (ФОТО)

Трагичната несреќа во која загина еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант ги погоди и македонските љубители на кошарката.

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа, близу Калабасас, Калифорнија, а фановите и неговите пријатели и соиграчи се уште се во неверување за неговата смрт.  Неверување, солзи поради оваа голема трагедија.

Еден македонски фан на легендарниот американски кошаркар и ѕвезда на НБА лигата во негова чест закачи дрес на Коби на прозорецот од својата соба. Со самото тоа покажа дека Брајант не е било каков кошаркар, тој е великан на кошарката и инспирација за многу играчи во било кој спорт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата