Шпанскиот играч од средниот ред на екипата на Милан, Сусо се приближува кон враќање во Ла Лига. Според последните вести од Италија, Сусо денеска треба да ги мине лекарските прегледи во Сеивиља, каде ќе се пресели со договор за позајмица на 18 месеци.

Неговиот договор ќе има клаузула за задолжително купување на неговите права за 20 милиони евра во случај Севиља да се најде во ЛШ.